ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НЕ САКА ПОВЕЌЕ ДА ЈА ЧЕКА ШВЕДСКА Финска усвои закон со кој се забрзува нејзиниот влез во НАТО

Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, аплицираше за влез во НАТО заедно со Шведска минатата година, откако Русија ја нападна Украина.

Финскиот парламент со големо мнозинство го поддржа влезот на Финска во НАТО. 184 фински пратеници гласаа за законот со кој се дозволува Финска да се приклучи на Северноатлантскиот договор, седум беа против.

Финските пратеници вчера дебатираа за законот за влез во НАТО, кој беше усвоен денеска, а за што се очекуваше поддршка за законот. За влез на земјата во НАТО треба да даде поддршка и претседателот на Финска, Саули Нииниште, но тој веќе најави дека тоа ќе го направи набргу по потврдата во парламентот.

Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, аплицираше за влез во НАТО заедно со Шведска минатата година, откако Русија ја нападна Украина. Се планираше двете земји истовремено да влезат во Алијансата, но сега поради турската блокада на Шведска се споменува и можноста за одвоен влез.

Влезот на Финска во НАТО мора да биде одобрен и од сите 30 членки на Алијансата. Единствените кои сѐ уште не го направиле тоа се Унгарија и Турција. Во унгарскиот парламент денеска почна расправата за ратификација на приемот на Шведска и Финска во НАТО, а следната недела се очекува гласање за протоколите за прием на Финска и Шведска. Поддршката, според прогнозите, не е сомнителна.

Турција, која во јануари ги прекина преговорите за пристапување на скандинавските земји, во меѓувреме предупредува дека може само да го ратификува приемот на Финска. Меѓу другото, дополнително ги налути потегот на десничарскиот екстремист Расмус Палудан, кој запали копија од Куранот на протестот пред турската амбасада во Стокхолм. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во понеделникот потврди дека разговорите за пристапување на Шведска и Финска ќе продолжат на 9 март.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.