ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Не постои законска можност Иванов да помилува за упадот во Собранието

Последното барање за амнестија за Упадот во Собранието е пристигнато до кабинетот на Ѓорѓе Иванов во петокот попладне. Кабинетот на Иванов не открива кои се лицата кои бараат за бидат помилувани за случајот 27 април, но веќе се лиферува со имињата на поранешните раководства на МВР, поранешниот министер Митко Чавков и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Во јавноста протекоа и имињата на новоопфатените лица кои се сомничат дека се организатори и нарачатели, бегалецот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски. Сепак, власта не очкува Иванов да ги помилува, бидејќи како што изјави премиерот Заев, претседателот нема законска можност за тоа.

Од владејачката партија неколкупати потенцираа дека организаторите и нарачателите нема да бидат спасени од затвор како што се случи со повеќе лица, меѓу кои и пратениците кои ги отворија вратите. Помилувани беаКрсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски и Јохан Тарчуловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на големото судење беа осудени 15 лица кои добија вкупно казна затвор од 211 години од кои највисоката ја доби екс министерот Митко Чавков.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.