# Не за расизмот во Европа
Хаштагот „# Не за расизмот во Европа“ кој е подржан од
Дирекцијата за турска дијаспора и сродни заедници YTB добива се
повеќе на поддршка, ова доаѓа по терористичка напад во
германскиот град Ханау каде Германец со ксенофобични и
расистички ставови уби девет луѓе, и на крајот сопствената мајка и
себеси.
Хаштагот е ставен на социјалните медиуми против расистичкиот
терористички напад, ксенофобијата и антиисламизмот во # Ханау,
Германија. YTB ги повикува сите да ја поддржат оваа етикета.
Освен на фјесбук и инстаграм , Хаштагот е најмногу употребуван на
твитер но и на спортски настани и протести.
Околу 10.000 демонстранти вчера маршираа во германскиот град
Ханау за да оддадат почит на деветмината убиени од антиисламски
екстремист.
Градоначалникот на Хануа, Клаус Камински обраќајќи се пред
присутните граѓани рече дека „овие денови се најмрачни што
градот ги доживеал во мирнодопски услови“.– Тие што сакаат да го
разединат општеството нема да успеат, бидејќи ние сме повеќе и
тоа ќе го спречиме, истакна Камински.
Демонстрантите носеа транспаренти „Мора ли некој прво да биде
убиен за да се преземе нешто“. Демонстрантите минаа низ целиот
град при што се задржаа пред двете кафеани во кои беа убиени
деветте лица со странско потекло.
Според извештаите, петмина од жртвите биле турски државјани.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман и
германското Сојузно обвинителство масакрот го оценија како
радикално десничарски терориристички напад.Убиецот оставил
манифест на интернет од кој јасно се гледа дека тој бил екстремен
десничар, но и дека имал сериозни психички проблеми.
Во меѓувреме, се зголемува притисокот врз конзервативно-
популистичката Алтернатива за Германија (АфД), што многумина
ја обвинуваат за ширење на атмосферата што овозможува таков вид
расистички злосторства.