ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НЕ Е НА СЛОВЕНИЈА ДА КАЖУВА ШТО ЌЕ ПРАВИ ЕУ Европа го демантираше Јанша во врска со бегалците

Од Европскиот парламент сепак не прецизираа како ЕУ планира да им помогне на мигрантите. Во своето обраќање, претседателот на парламентот, Давид Сасоли, го повика Јанша прво да разговара и да се консултира со европските институции за следните чекори кои ќе ги преземе. 

Словенија „не може да кажува што ќе направи ЕУ“ во врска со бегалците од Авганистан, истакна денеска Давид Сасоли, претседателот на Европскиот парламент. Сасоли го „прекори“ словенечкиот премиер Јанез Јанша за неговиот твит во кој тој напиша дека на азилантите „не им должи ништо“, јавува МИА.

– Сите наши земји чувствуваат дека се вклучени во расплет на ситуацијата во Авганистан и јасно мора да покажеме солидарност – истакна Сасоли.

Претседателот на Европскиот парламент сепак не прецизираше како ЕУ планира да им помогне на мигрантите.

– Сите наши институции работат на тоа да се утврди каква солидарност е потребна за тие кои се во опасност од новиот (талибански) режим, а не само за Авганистанците кои работеа со нас – објасни тој.

Во своето обраќање, Сасоли го повика Јанша прво да разговара и да се консултира со европските институции за следните чекори кои ќе ги преземе.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.