Нема нови случаи на морбили – денеска намален интерсот за вакцинирање
Едно и пол годишното дете кое беше хоспитализирано на Инфективна нема морбили, покажале лабораториските анализи во Институтутот за јавно здравје. Последните 24 часа на Клиниката нема нови сомнителни случаи со мали сипаници.
Во меѓувреме продолжува процесот на имунизација со МРП. За разлика од претходните 2 дена денеска во дежурните пунктови имаше послаб интерес. Во Поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ до пладне вакцина примиле 30-тина деца. Со што за три дена вакцинирани се вкупно 1018 лица.
Од друга страна граѓани кои се залагаат вакцинирањето да биде право на избор синоќа преку протест побараа од здравствените власти да ги повлечат меѓу кои во градинка да не се примаат невакцинирани деца. Најавија и преставка до народниот правобрабнител и тужба против државата.
-Бараме власта да го запре психолошкиот терор и економска репресија за оние кои не се вклопуваат во нивниот замислен калап на размислување и поведение кој ние го препознавме во зборот – ВАКЦИНАЦИЗАМ, изјави Дарко Ѓорѓиев, активист за права на пациентите.
Од министерството за здравство информираа дека вакцините се квалитетни и не се со истечен рок. Дежурните пунктови во Поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански и утре ќе работат до 19.30, а во понеделник до 13 часот.