ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нема заострување на ковид-мерките, зголемениот број на случаи е резултат на кластер

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид 19 има во Скопје и Тетово.

Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор.

И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации.

Комиисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.