Нема договор помеѓу МОН и СОНК за висината на платата – преговорите продолжуваат
Власта и просветарите не успеаа да се договорат за идното зголемување на платите и покрај неколку часовната средба. Но преговорите продолжуваат. Најверојатно нова средба ќе има до крајот на неделата.
Синдикатот повторно ги кажа барања – покачувањето на платите да биде повеќе од 10 процетни и наместо од април да важи од јануари. Се надеваат дека власта ќе излезе со прифатлив предлог , а ако не се најде решение одат на генерален штрајк со целосен прекин на наставата.
Министерот Адеми очекува да се постигне договор. Смета дека генерален штрајк не треба да има затоа што владата нуди опција.
Минатат недела СОНК го одби предлогот на Владата за зголемување на платите на просветниот кадар за 10 проценти. Освен за повисоки плати преговараат и за исплата на к-15 , прекувремените работни часови и за почитување на колективните договори.
СОНК организираше предупредувачки штрајк на првиот училишен ден поради што учебната година започна со еден ден задоцнување.
Просечната плата во основното и средното образование се движи од 22 до 24 илјади денари, а во високото образование околу 30 илјади денари.