ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нема договор меѓу синдикатот и работодавачите – првиот човек на ССМ бара од владата да застане рамо до рамо со работниците

И денеска нема договор, очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал, вака го опиша крајот на денешните преговори во владата меѓу синдикатот и организацијата на работодавачите , првиот човек на ССМ, Дарко Димовски. Тој додаде дека работодавачите дури и се дрзнале денеска тие да добијат повластувања од владата.

“Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите. Владата излезе со една одлична анализа, каде што кажува дека моделот кој го предлага Сојузот на Синдикатите на Македонија и останатите синдикати е најприфатлив. Затоа ја охрабрувам владата, бидејќи гледам дека е на наша страна, врз основа на ова што денеска тие го анализирале , цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18 000 денари” – изјави Димовски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека за одреденни прашања имало и согласност , како на пример дека постоечкиот модел за пресметување на минималната плата е неприфатлив за сите страни.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.