ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Неизвесно зголемувањето на пензиите пред изборите

Ќе успее ли власта да ги зголеми пензиите пред најавените предвремени избори?  Премиерот Заев најави покачување,  но новата  методологија на пресметка  не е готова,  а буџетот за следната година наскоро треба да биде доставен  до собранието. Сепак Заев тврди дека намерата е да има правично зголемување на примањата на оваа категорија граѓани.

– За пензиите се прават пресметки коку ќе растат . Сеуште е рано затоа што една од најсуптилните активности во проекциите на буџетот е пензискиот фонд. Не може да ги гледаме само состојбите сега туку трендот на стабилност на буџетот. Тој е стабиле и генерира годишно 2-3 милијарди резервоар на пари што припаѓаат на пензионерите. Методологијата ќе биде готова до крајот на годината. покачувањето треба да биде правично, рече Заев.

И од  министертвото за труд  посочија  дека во тек се консултации за покачувањето. Тврдат дека стабилноста на пензискиот систем нема да биде доведена во прашање.

Од опозицијата пак обвинуваат секогаш кога Заев и СДСМ  зборуваат за покачување на пензиите, пензионерите страдаат.

Тој ветуваше достоинствен живот на оваа категорија гараѓни , а ја смени методологијата го намали растот им ги скрати партите и видовме само покачување  од 36 денари. Така што Зоран  Заев предизборно нека продлжи да лаже, но веќе никој не му верува, се вели во реакцијата на партијата, вели партискиот портпарол Стоилковски.

Со новиот начин на пресметка на пензиите кој стартуваше на почетокот на годинава усогласувањето се прави само според трошоците на живот, зголемувањето на платите е исклучено. Тогаш надлежните  посочија  дека  ваква одлука е донесена за да не се зголеми старосната граница.  Пензионерите пак   реагираа дека ваква пресметка  нема никаде во Европа и сериозно ќе влијае на стандардот на пензионерите.

За стабилизирање на Пензискиот фонд меѓународните финансиски институции препорачуваат растот на пензиите да се замрзне, а границата за пензионирање да се зголеми.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.