ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Невнимателен возач предизвика инцидент во конвојот со Меј и Мишел

Автомобил влета во колоната возила кај белгискиот град Монс во која беа премиерите на Велика Британија и Белгија, Тереза Меј и Шарл Мишел, притоа двајца полицајци се повредени.

Меј и Мишел биле на пат кон воените гробишта „Сен Симфоријен“, каде се одржуваше свеченост врзана за годишнината од Првата светска војна, кои се наоѓаат недалеку од Монс, близу француската граница кога во нивната колона возила се заби непознат автомобил.

Конвојот во кој беа премиерите запре и некое време стоел, а потоа продолжил кон гробиштата. Повредените полицајци се пренесени во болница.

Друг детаљ за овој инцидент, како на пример дали навистина станува збор за атентат, не се објавени, како ни идентитетот на возачот кој со автомобил влета во колоната со државници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.