НБМ: Во декември 2021 продолжи трендот на намалување на каматните стапки
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во декември 2021 година. Таа се сведе на ниво од 4,37%, соопштуваат од Народна банка.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74%.
Во декември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2 е пониска за 0,15 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,61%. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,17 п.п. Овој месец просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,70% и оствари месечен пад 0,07 п.п., додека на годишна основа забележа месечен раст од 0,02 п.п. Табела 1. Каматни стапки на вкупните и на новите кредити и депозити3,4,5 Извор: НБРСМ. 1 Под „каматна стапка“ се подразбира пондерирана просечна каматна стапка искажана во проценти на годишно ниво.
Во однос на каматните стапки на новоодобрените кредити / новопримените депозити се карактеристични променливи движења. Ваквите движења на каматните стапки произлегуваат од промените на обемот на новите депозити / кредити (којшто од месец во месец може позначително да се менува), како и од новодоговорената каматна стапка.
Каматни стапки на корпоративниот сектор6 ‒ Во декември, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е пониска за 0,04 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,48%. Месечното намалување е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,04 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,25 п.п. на годишна основа. Извор: НБРСМ. ‒ Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,17 п.п. и изнесува 3,22%. Притоа, падот целосно произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,28 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута бележат раст (за 1,00 п.п. и 0,14 п.п., соодветно). Во споредба со истиот период од претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,20 п.п.
За потребите на ова соопштение, корпоративниот сектор ги опфаќа нефинансиските институции (јавни и останати).
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во декември изнесува 0,92% и на месечна основа се намали за 0,05 п.п. Надолната промена во целост се должи на падот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,11 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула, додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула забележаа месечен раст (за 0,02 п.п.). Анализирано на годишно ниво, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари пад од 0,30 п.п. ‒ Во декември, каматната стапка на новопримените депозити7 на корпоративниот сектор оствари месечно намалување од 0,13 п.п. и изнесува 0,29%. Притоа, падот е резултат на намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,32 п.п.), при минимален раст на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п, соодветно). Во однос на декември 2020 година, оваа каматна стапка е пониска за 0,09 п.п.
Во однос на претходниот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,03 п.п. и изнесува 5,18%. Анализирано по валута, падот произлегува од намалувањето кај сите компоненти: намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п., соодветно) и пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28 п.п. 7 Во графиконот што се однесува на каматните стапки на новопримените депозити на корпоративниот сектор прекинот во сериите податоци кај каматните стапки во денари со валутна клаузула се должи на тоа што во дадени месеци банките и штедилниците не примиле таков вид депозити од корпоративниот сектор. 8 За потребите на ова соопштение, домаќинствата опфаќаат: физички лица, самостојни вршители на дејност и непрофитни институции коишто им служат на домаќинствата. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во декември, изнесува 4,34%, што претставува месечно намалување од 0,20 п.п. Надолното поместување се должи на намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,49 п.п. и 0,21 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула остварија месечен раст (за 0,07 п.п.). Оваа каматна стапка забележа пад од 0,04 п.п. на годишна основа. Извор: НБРСМ. ‒ Во декември, кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан минимален пад од 0,01 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,72%. Падот се објаснува со намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,20 п.п. ‒ Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата9 во декември се намали за 0,05 п.п. и изнесува 0,90%. Месечното намалување се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,62 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута бележат зголемување (за 0,12 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула овој месец изнесува 1,50% за разлика од претходните месеци, кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи годишен раст од 0,05 п.п.