ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

На „Тикток анестезиологот“ му се заканува одземање на лиценцата најдолго 7 години

На анестезиологот од клиничката болница Тетово му се заканува одземање на лиценцата на 7 години – таков предлог даде Лекарската комора по инцидентот во кој лекарот ги снимаше пациентките од Гинеколошкото одделение и во живо ги емитуваше на ТикТок.На четириесет и тригодишниот анестезиолог Ваљон Дервиши му се заканува одземање на лиценцата за работа во времетраење од седум години, оти ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, а со тоа и угледот и честа на лекарската фела. Ова го кажаа од Лекарската комора, по вонредниот состанок на Комисијата за етички и правни прашања на кој едногласно одлучиле дека за докторот треба да се покрене обвинение пред судот на честа на комората.

Според тоа што судот на честа во лекарската фела функционира како обвинителство, лекарското обвинение мора да му се достави на докторот за тој да има право да се жали и брани, а потоа судот ќе ја носи конечната одлука. Според правилата на лекарската фела, на Дервиши, за етички прекршување трајно не може да му се одземе лиценцата за работа, оти тоа може само во случај на судска пресуда за несовесно лекување со фатален исход или трајни оштетување на пациент, појаснуваат од Комората

Инаку, пред неколку дена во живо преку Тик-Ток Дервиши прикажувал пациентки и лекари во една од салите на гинеколошкото одделение во тетовската болница. На видеото се слуша како тој се смее додека се шета низ просториите во болницата. Тој сега е во притвор од 8 дена, кој може да биде продолжен. Постапката што против него ја води обвинителството е за Несовесно работење во службата како и Неовластено снимање.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.