ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

На слобода пуштен припадник на Земунскиот клан кој е осуден за убиството на Ѓинѓиќ

Душан Крсмановиќ, поранешен член на Земунскиот клан и еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, е ослободен од затвор во Сремска Митровица, јавува N1 Србија. Крсмановиќ беше ослободен само неколку дена пред 20-годишнината од убиството на Ѓинѓиќ.

Уапсен е на 2 април 2003 година во операцијата Сабја. Тој беше единствениот член на Земунскиот клан кој на судењето изрази каење, но не за убиството на премиерот Ѓинѓиќ, туку за „сето она што го доведе до ситуацијата во која се најде“. Првостепената пресуда го осуди на 30 години затвор за учество во 14 убиства, од кои во едното бил извршител.

„Го убивме премиерот Ѓинѓиќ“

Со одлука на Апелациониот суд казната му е намалена на 20 години. Во 2019 година тој поднел барање за предвремено ослободување бидејќи одлежал две третини од казната, но неговото барање било одбиено. Пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.

„Го убивме премиерот Ѓинѓиќ. Се беше како што кажав во истрагата. Се каам и повторно ќе кажам сè“, изјави Крсмановиќ во текот на истрагата, кој детално опиша бројни злосторства на Земунскиот клан. Тој во 2008 година во жалба до Врховниот суд побара да се намали првостепената пресуда и „да му се даде уште една шанса“.

„Признав и не се поштедив ниту себе, ниту другите. Не сакам да се бранам со тоа дека сум невин. Се чувствувам виновен и судот правилно ме прогласи за виновен, но казната не беше соодветно одмерена. Не барам повторно судење или поништување на пресудата“, изјави тогаш Крсмановиќ во писмената жалба.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.