На полноќ завршува собирањето потписи за претседателските кандидати
На полноќ завршува собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата.
Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието, но собра и над 32 илјади потписи.
Над 10.000 потписи собраа и Сиљановска и Река.
До овој момент сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: