На „Бихакќа“ не ги сакаат предлозите на ДУИ за претседател, консензуалниот ќе го даде СДСМ!?

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи како консензуален кандидат за претседател, била ставена на маса вчера на средбата меѓу двата коалициони партнери во власта, бидејќи не се пријавил досега кандидат од ДУИ кој би сакал да се трка.
Според извори на Алфа меѓу тимот на „Бихаќка“, во СДСМ ваквата концепција никако не се прифаќа во било каква форма. Прво, заради тоа што сметаат дека премногу испорачале во пресрет на изборите кон ДУИ, како на пример законот за јазици. И второ, заради нискиот рејтинг на Арифи- како меѓу нејзините тетовчани и пошироко, така и во споредба со високата општа поддршка на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Силјановска-Давкова.
Предлог на ДУИ е и академикот Абдулменаф Беџети, како натпартиски кандидат за што раководството во СДСМ не реагирало жестоко против, но пак анкетите го рангирале на осмо место меѓу десетте имиња за кои гласало пред се членството и симпатизерите.
Според нашите извори во власта, како албански имиња на листата на консензуален кандидат стојат и Мухамед Зекири и Имер Селмани, првиот според гласовите е претпоследен на листата, а вториот , десетти односно последен.
Вака гледано највисоко рангираните партиски кандидати остануваат Спасовски, Шеќеринска и Димитров. Но, партиски извори за Алфа велат дека сепак Зоран Заев, иако вчера рече оти сака да остане во водство на извршната власт, има 50 отсто шанси да ја трча претседателската лента- оти ниеден од предложените имиња нема доволно висок рејтинг за да и парира на Силјановска во овој момент. А пак Заев односно СДСМ е првата партија кај албанскиот електорат. Зад него се Алијанса за Албанците на Села, па дури потоа ДУИ на Ахмети според рејтингот.
Со консензуалниот дил, Ахмети практично ја загуби можноста за сам да извади кандидат зад кој би застанале и Села и Касами, барем според последните пораки на двајцата опозиционери. Сепак Заев се надева дека ќе успее да ги седне на заедничка маса и да ги убеди. Денеска тој е на средби со Гаши и со Тачи.