ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Наќе Чулев предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи

Наќе Чулев од Агенцијата за разузнавање е новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада, потврдија за Радио Слободна Европа извори од опозициската партија.

Претходно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека во текот на денешниот ден ќе предложи ново име кандидат за технички министер за внатрешни работи. Тој, како што најави, името ќе го обелоденел откако ќе ги заврши последните консултации со премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што го обврзува Законот за влада донесен во Пржинските разговори.

Ако денеска се усогласат за тоа кој ќе биде технички министер за внатрешни работи во владата која треба да ги спроведе изборите договорени за 12 април годинава, новата влада треба да биде избрана утре. До ова дојде откако актуелната влада го одби како неуставен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој доаѓа од АРМ да биде на чело на МВР со образложение дека Уставот предвидува со полицијата да раководи цивилно лице.

Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање за време на претседателот Ѓорге Иванов. Мандатот му истече во 2017, а потоа продолжи да биде дел од професионалниот состав на агенцијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.