Најмалку 35 лица загинаа во самоубиствен напад во Пакистан
Бомбаш самоубиец се разнесе на пазарот во северозападниот дел на Пакистан, при што загинаа 35 лица, а беа повредени повеќе од 40 лица.
Нападот се случи во областа Оракзаи, еден од седумте региони во близина на границата со Авганистан, кои се неодамна ослободени од контрола на талибанците, рече локалниот официјален претставник Хашим Кан.
Бомбашот дошол до влезот на исламскиот центар на пазарот и го активирал експлозивот. Бројот на мртвите може да се зголеми бидејќи некои од повредените се во тешка состојба.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста, а во регионот се активни и милитантите и талибанците на Исламската држава.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: