ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Најмалку 17 загинати во поплавите во Централна Европа, најтешко погодени се Австрија, Полска, Чешка и Унгарија

Австрија, Полска, Чешка, Романија и Унгарија се најтешко погодени од бурата Борис која го зафати регионот предизвикувајќи големи поплави и материјална штета. Екстремните врнежи донесоа воден талог кој вообичаено би наврнал во период од неколку месеци. Дебел слој кал ги покри куќите и улиците на Клоџко. Сега кога водата се повлече, жителите се соочуваат со штетите.Моето семејство ја има оваа продавница веќе 60 години. Прво баба ми, потоа татко ми и сега, во последните 15 години, јас. И вчера изгубив се, раскажува Евелина Коремба, менаџер на продавницаСè долу беше водено, до таванот. Овде водата беше до тука. Била толку силна што ја откорнала и затворената врата, вели Јулија Мајданска, ќерка на сопственик на ресторан.

Полската влада прогласи вонредна состојба откако неколкудневните дождови опустошија делови од југозападните региони на земјата. Премиерот Доналд Туск најави итна помош од 260 милиони долари за најтешко погодените региони.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.