ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Најмалку шестмина загинати во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку шестмина луѓе загинаа денеска, а десетмина се повредени во самоубиствен бомбашки напад во близина на протест во Кабул, каде што стотици луѓе протестираа против, како што велат, неуспехот на владата да го заштити шиитското хазарејско малцинство од талибанските напади. Авганистански безбедносни извори за Радио Слободна Европа изјавија дека бомбашот го активирал експлозивот пред да стигне до демонстрантите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако талибанците и Исламската држава во минатото извршуваа слични напади.

Стотици луѓе ноќеска маршираа од западните делови на Кабул до претседателската палата во центарот на градот, протестирајќи против ниската безбедност во областите Газни и Орузган, населени главно со етнички Хазарејци. Областите скоро цела недела се под талибански напад.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.