Најмалку осум лица загинаа при киднапирање на автобус во Кина
Осум луѓе загинаа, а 22 се повредени откако маж вооружен со нож киднапира автобус во кинескиот град Лонгјан, во провинцијата Фуџијан.
Мажот седнал зад волан и се судрувал со сите возила кои биле на патот. Тој удрил во три скутери, едно такси возили и еден автомобил.
Не е познато колку од жртвите се патници од автобусот, како и колку пешаци загинале.
Според државната кинеска телевизија напаѓачот е уапсен. Тој е 48-годишен невработен локален жител.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: