ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Најлошиот Божиќ на Трамп: Останав сам во Белата куќа, имаше само снајперисти кои не сакаат да зборуваа

Како што вели американскиот претседател Доналд Трамп, оваа година го прославил најлошиот католички Божиќ.

Додека неговото семејство престојувало во резиденцијата на Флорида, а неговите соработници отпатувале поради празниците, американскиот претседател за Божиќ останал сам во големата Бела куќа.

„Знаете, бев во Белата куќа потполно сам, 6-7 дена. Моето семејство замина на Флорида и се чувствував многу осамено“, им се пожали Трамп на своите соработници и им откри дека гледал телевизија за да му помине побрзо времето.

„Бев потполно сам, а ова е многу голема куќа. Немаше никого, освен снајперистите. Дури во еден момент ги поздравив, но тие се луѓе кои што не сакаат да си играат. Не ме поздравија, ниту се смееа. До последен момент се надевав дека некој ќе дојде да поразговараме, но тоа не се случи“, изјави Трамп.

Имено, додека трае блокадата на американската Влада, Трамп одлучи да не ја напушта Белата куќа. Додека чекал некој да му се јави за да преговараат, тој останал сосема сам.

Како што пренесуваат американските медиуми, тоа што го поминал Божиќ сам во Белата куќа му падало многу тешко на Трамп, па после празниците повеќе од час и половина им се жалел на своите соработници за „најлошиот Божиќ во неговиот живот“.

Друштво му правеле само снајперистите и обезбедувањето, кои што според него, не биле претерано друштвени.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.