НАТО за „валканата бомба“: Русија често ги обвинува другите за она што самата го планира

Руските недокажани тврдења дека Украина планира да употреби „валкана бомба“ е очигледно лажна и Кремљ не смее да ја користи како изговор за ескалација на војната, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Русија сега лажно тврди дека Украина се спрема да употреби радиоактивна валкана бомба на својата територија. Сојузниците од НАТО го отфрлаат ова очигледно лажно тврдење. Русија често ги обвинува другите за она што самата планира да го направи. Го гледавме тоа и претходно, од Сирија до Украина. Русија ова не смее да го користи како изговор за ескалација на војната“, кажа Столтенберг.
Генералниот секретар на западниот воен пакт ги нарече руските тврдења неодговорни.
„Какво било користење нуклеарно оружје во Украина моментално ќе ја смени природата на конфликтот“, кажа Столтенберг. „Претседателот (на Русија Владимир) Путин знае дека во нуклеарна војна нема победник и никогаш не смее да се води. Во Москва знаат и дека такво нешто би предизвикало тешки последици“.