ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НАСА сака да бара вонземјани на месечината Европа

Научници и истражувачи на НАСА предложија план да се направи нуклеарна роботска сонда што треба да буши длабоко во средиштето на една од месечините на Јупитер, Европа, со надеж дека таму ќе најде вонземски живот.

Овој план нуди можност да се истражува дали на оваа месечина, длабоко под нејзината површина, се кријат вонземјани, како што се сомневаат некои научници.

Водата скриена под површината на Европа се смета за едно од најперспективните места за наоѓање вонземски живот во нашиот Сончев Систем.

Но, што и да има таму, е заглавено под дебел мраз, што го отежнува директното истражување.

Затоа научниците предложија да се направи робот кој ќе успее да го ископа тој мраз и да истражи што точно се наоѓа под него.

Оваа сонда исто така би можела да ја процени староста на ледените слоеви и океанот што се наоѓа под нив.

Сепак, околу овој предлог има многу отворени прашања, како на пример како таа сонда би стигнала на далечната месечина.

Уште едно прашање што ги мачи научниците и за кое уште немаат одговор, е како би се пренела пораката од роботот до Земјата низ длабокиот мраз на месечината на Јупитер.

Јупитер е петта планета од Сонцето и најголема во Сончевиот Систем. Околу својата оска се свртува за 10 часа, а околу Сонцето за 11,86 години.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.