ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НАСА е „на добар пат“ да открие живот надвор од Земјата

Source maps are courtesy of NASA Earth Observatory Blue Marble project, for geographical boundaries:USA: north America and moon

Американската вселенска агенција НАСА досега не пронашла докази дека животот постои или дека може да постои на Марс, но нејзините експерти сега веруваат дека се поблиску до откривањето траги на живот на Црвената планета.

Вселенската агенција е вклучена во низа проекти во пограга по траги од живот на други места во Сончевиот систме, поради што постојано се шпекулира за тоа колку сме далеку од такво откритие, пренесува Индепендент.

На различни планети и места ширум универзумот, се зборуваше дека постои можсто за живот, а досега откритијата од Марс покажале дека планетата би можела да биде „ветувачко“ место на кое некогаш би можело да се живее.

Откако вселенската агенција се прости од роверот Опортјунити, благодарение на кој се дошло до податоци кои укажуваат на тоа дека Марс е поактивен и поинтересен од што може да се претпостави, НАСА и натаму ќе продолжи да бара живот на оваа планета, истакнува Џим Брајденстин од агенцијата.

– Не беше толку далеку од тоа да се открие, рекол тој и додал дека идните миси би требало да овозможат на научниците да се соберат примероци од површината на Марс и да се вратат на Земјата, во надеж дека ќе се доје до биолошки знаци кои ги оставиле живите суштества, рекол тој.

– Ќе бидеме во можност да ги погледнеме примероцит еи да утврдиме дали таму има такви знаци. Целта е да се открие живот на другиот свет, тоа е она што посакуваме да го постигнеме, заклучил Брајденстин, истакнувајќи дека смета оти НАСА е на добар пат.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.