Нападнат пожарникар во Струмица
Пожарникар отишол на интервенција и таму бил нападнат, полицијата го расветлува случајот,
– На 30.09.2019 во 17.00 часот во СВР струмица, З.Ш.(56) од Струмица, вработен во Територијалната противпожарна единица Струмица, пријавил дека истиот ден околу 15.10 на местото викано „Просенички пат“ бил физички нападнат од лицетот Т.С.. Според пријавеното, тој бил нападнат во моментот кога пристигнале на наведеното место по пријава во Територијалната противпожарна единица за настанат пожар. По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на полицијата.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: