ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НАД 10 ОТСТО ОД ФИРМИТЕ НЕ ПОДЕЛИЛЕ ПЛАТИ ЗА ФЕВРУАРИ, ЛУКАРЕВСКА АПЕЛИРАШЕ ДО СОБРАНИЕТО ДА ГО УСВОИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ

Директорката на УЈП Сања Лукаревска апелираше до Собранието што побрзо да го усвои петтиот пакет мерки за помош на економијата, откако над 10 отсто од работодавачите не исплатиле плати за февруари.

Таа кажа дека од 63.948 работодавачи кои поднеле пресметки за февруари до УЈП, 6.888 не исплатиле плати, што е околу 10,7 отсто.

„Ова е уште еден апел што побрзо во Собранието да се донесат овие економски мерки за да им се помогне на компаниите и самостојните вршители на дејноста од една страна и од друга страна на работниците да земат плати. Одредени компании ја чекаа помошта и очекуваа дека оваа помош ќе дојде навреме“, кажа Лукаревска на денешната прес-конференција.

Засега, рече Лукаревска, до овие работодавачи се доставени само опомени, но таму кај што ќе бидат утврдени злоупотреби ќе бидат преземени соодветни мерки.

Петтиот пакет мерки за помош на економијата е блокиран во Собранието со илјадници амандмани од албанската опозиција, која негодува што мнозинството не го прифаќа нивниот предлог за измени на законот за државјанство.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.