ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Муцунски: Бараме повеќе пари да се издвојат за намалување на аерозагаденоста

Пратеничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со поднесените амандмани на Буџетот бара повеќе пари да се издвојат за итни активности со кои ќе се намали загадувањето на животната средина, особено на воздухот, најави на прес-конференција во Собранието пратеникот Тимчо Муцунски. Меѓу другото, парите треба да се искористат за приклучување на институции и домаќинства на еколошки горива и системи, а старите автобуси, камиони и машини да се опремат со еколошки филтри

„Негативните трендови нѐ засегнуваат сите, а според огромен број научни студии најмладите генреации нема да можат да го достигнат својот потенцијал заради токсичните материи во воздухот. Истовремено, најстарите генерации со хронични заболувања се во постојан ризик. Посебно земајќи ја предвид кризата од глобалната пандемија, ризикот за смртоност во Македонија веројатно се зголемува токму заради овој непосакуван фактор, рече Муцунски.

Тој рече дека по консултациит Невладината организација „02 Иницијатива”, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела голем број амандмани кои ќе овозможат во краток рок да отпочне примена на конкретни политики.

Со амандманите се предвидуваат субвенции за поставување на филтри од домашно производство за 25 илјади домаќинства кои се греат на дрва или на други загадувачки материи, промена на начинот на загревање на здравствените и образовните установи во најзагадените градови во Македонија од мазут/нафта во гас/топлотна межа/топлински пумпи/сончеви колектори, поставување на специфични филтри и катализатори во системите за гориво на автобусите, камионите и градежните машини во најзагадените градови.

Со амандманите се предлага и поставување филтри на јавните институции во најзагадените градови во државата кои нема да го променат начинот на греење во незагадувачки, субвенции за поставување плински уреди во 10 илјади возила, како и акредитација на Централната лабораторија за животна средина на МЖСПП – за методите за одредување тешки метали во воздухот, за одредување полициклични ароматични јаглеводороди во воздухот, за потребите на инспекторите, како и редовно одржување и надградба на инструментите што се употребуваат за хемиска анализа.

Муцунски побара од другите пратенички групи да ги поддржат амандманите предложени од невладиниот сектор и експерти и, во интерес на граѓаните, вели, да ги надминат бариерите на дневната политика.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.