Москва чека потврда од Вашингтон за средбата меѓу Путин и Бајден
Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон.
Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку дена, пренесува ТАСС.Потребата од новата средба на двајцата престедатели беше констатирана за време на минатомесечниот самит на земјите од Г 20, кога шефовите на дипломатиите на двете држави Лаворв и Блинкен ја констатираа потребата од продолжување на контактите на највисоко ниво меѓу Русија и САД“.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: