ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Москва наскоро ќе одговори на С. Македонија за протерувањетп на рускиот дипломат

Рускиот заменик -министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека Москва наскоро ќе одговори на Северна Македонија за протерување на уште еден руски дипломат.

„Одговорот, се разбира, ќе следи“, рече кратко Грушко, пренесе Спутник.

Претходно, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи објави дека руски службеник бил протеран по наредба на македонската влада поради активности спротивни на Виенската конвенција.

Некои македонски медиуми претходно објавија дека заменикот воен аташе на руската амбасада бил протеран затоа што извршил „несоодветни дипломатски дејствија“ и дека не ги почитувал дипломатските правила во Северна Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.