ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Модлуарната болница може да прими 72 пациенти

Министерството за здравство информира дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации кај пациенти со ковид-19.

Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера, за хоспитализација и третман на пациенти е целосно подготвена модуларната болница со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.

Во изјава за медиумите, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8ми Септември“. Тој појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да трпат работа останатите одделенија и тие здравствени работници.

Здравствениот систем е подготвен, но апелираме до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.