ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

МНР на Бугарија изрази разочарување од носењето на Резолуцијата

Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со соопштение по повод носењето на Резолуцијата во македонското Собрание.

„МНР изразува разочарување од носењето на Резолуцијата од страна на Собранието на Република Северна Македонија на 29. јули 2021 година и ја дочека со жалење, затоа што тој акт се носи во моментот кога дијалогот меѓу Софија и Скопје премина во попозитивна и поветувачка фаза.

Бугарија со нетрпение очекува да се објави Резолуцијата со цел внимателно да се анализира нејзината содржина во однос на нејзината компатибилност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Собранието на Република Северна Македонија во 2017 година, како и потенцијалното влијание на овој докуемнт на досегашниот дијалог.

Би било неприфатливо Бугарија да мотивира или да оправда неисполнување на Договорот за добрососедство преку такви акти, што се во спротивност со водечките принципи на меѓународното право.

Единствениот вистински начин за изнаоѓање на одржливи и взаемно прифатливи решенија за тековните предизвици во нашите односи е строго почитување на постгинатите договори, нивно ефективно спроведување како и одржување на искрен и полноправен дијалог“, истакнаа од бугарското МНР.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.