ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

МНР за посетата на Бучковски во Софија: Треба да се искористат сите можности за решение

Министерството за надворешни работи попладнево потврди дека специјалниот претставник за дијалогот со Бугарија, Владо Бучковски, денеска е во посета на Софија, каде што е планирано да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа.

„Остануваме на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно заемно решение за билатералните разлики по разни прашања со соседна Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на договорот за пријателство од 2017 година“, велат од македонското МНР.

Од тука потсетуваат дека при крајот на годината доставиле акциски план за имплементација на договорот за пријателство од 2017 година за што во разговор меѓу министрите за надворешни работи, Османи и Захариева, било договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози. Во оваа насока, велат од МНР, во претстојниот период ќе следува конструктивен придонес преку специјалниот претставник, а тоа се очекува и од бугарска страна како можен единствен начин до изнаоѓање решение.

Претходно, бугарскиот вицепремиер Красмир Каракачанов рече дека специјалниот претставник Владо Бучковски има добра волја, но немаат оние што го праќаат. Тие ќе остварат средба денеска во 18 часот. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.