ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

МИЈАЛКОВ ДОБИ МОЖНОСТ ЛИЧНО ВО АПЕЛАЦИЈА ДА БАРА СЛОБОДА ОД ПРИТВОР, „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“ ОДЛОЖЕНА

Обвинетиот за масовно прислушување на стотици политичари, новинари и граѓани Сашо Мијалков, побара денешното рочиште за „Тврдина-Таргет“ да се одложи, поради тоа што тој сака да присуствува на јавната седница денеска во Апелациониот суд Скопје, од кој бара да го пуштат од притвор.

Мијалков е во притвор во Шутка од 8 март 2019 година, веднаш откако му беше изречена затворската казна од 3 години за предметот на СЈО „Титаник 2“.

Судијката Џенета Бегтовиќ го одложи денешното рочиште за „Тврдина-Таргет“ за да му овозможи на Мијалков лично да присуствува на јавната седница.

За масовното прислушување и за бесправно уништување на трите уреди за прислушување во УБК, обвинети се тогашниот директор Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и шестмина вработени во УБК кои по телефон давале наредба да се впишуваат броеви на граѓани, а дел од нив и прислушувале.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.