МИЈАЛКОВ ГИ ОТФРЛИ СИТЕ ОБВИНУВАЊА ЗА СЛУЧАЈОТ „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ги отфрла сите обвинувања во слуачјот „Плацеви на Водно“. Тој на денешното судење за цело време тврдеше дека не постои ниту еден доказ дека со умисла му помогнал на неговиот прв братучед и поранешен премиер, Никола Груевски да купи атрактивно земјиштето на Водно, но и да скрие дека токму Груевски е вистинскиот сопственик на парцелите.
На денешното рочиште како сведок се појави и зетот за сестра на бизнисменот Орце Камчев, архитектот Мето Стојчески, откако тој претходно беше посочен од Камчев дека е човекот кој чувал три стана за поранешниот премиер Никола Груевски кој како и Мијалков и Камчев е обвинет во овој случај.
„Во 2015 или 2016 година, Мијалков ме праша дали имам слободна фирма и дали може да се префрли имот. Не ми кажуваше чиј е имотот, а бидејќи инсистирав, потоа ми рече дека е за имот на Груевски, ама дека може и да не излезе ништо. Во 2020 година ми се јави Камчев и ми рече дека треба да се купат уделите од Панорама, а со парите да купам станови. На хартија сум сопственик но имотот не е мој“. – Мето Стојчески.
Начинот на кој обвинителството го испитуваше сведокот но и сведочењето на Стојчески предизвика лавина реакции на одбраната на Мијалков.
Обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ се товарат за незаконско стекнување и прикривање имот и за перење и помагање во перење на пари.