Мицотакис: Процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија ќе биде алатка за притисок
Негативните последици од Преспанскиот договор ќе се ублажуваат со две алатки, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Непосредно, пред пратениците да му изгласаат доверба нему и на неговиот владин кабинет, Мицотакис во обраќањето во Парламентот истакна двете клучни работи на кои ќе се фокусира грчката Влада се процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија да се користи како алатка за притисок и силна поддршка за брендот „Македонија“. Ова е со цел, како што рече Мицотакис, да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа. Од говорницата тој директно му се обрати на неговиот претходник, лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас.
„Неопходно е да се бориме за да ги ублажиме негативните последици користејќи го како алатка за притисок процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија. Мораме да дадеме и силна поддршка на македонските производи, кои вие ги оставивте на нивната судбина. Потребно е и спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија. Ова го кажав и ќе го сторам тоа. И ако господине Ципрас не сакате да дадете поддршка, бидејќи сметате дека договорот што го потпишавте е толку важен, сами ќе го сториме тоа.“ – изјави : Кирјакос Мицотакис – премиер на Грција.
Мицотакис најави борба за регулирање на грчките трговски марки и етикети со името „Македонија“ во нивните производи и дека тој исто така ќе ги искористи можностите за пристап на Северна Македонија во ЕУ, на начин што Грција ќе може да извлече најголема корист од овие преговори, пренесуваат грчките медиуми