ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: 5 и 8 јули не доаѓаат предвид, прва можна дата за избори е средината на јули

Првата можна дата за избори е средината на месец јули, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ има два услови, да се изработат протоколи за заштита на здравјето и да има фер и демократски и инклузивни избори, порача денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски нивните услови вклучуваат и почеток на кампањата еден ден по првата прес-конференција на ОБСЕ/ОДИХР по пристигнувањето во земјава. Но, предупреди дека ако, како што рече, СДСМ и Зоран Заев тактизираат, се губи како можност и средината на месецот, односно 15 јули.

Мицкоски денеска му порача на претседателот Стево Пендаровски дека има време до крајот на денот да ја продолжи вонредната состојба, објаснувајќи дека знае оти претседателот бил под притисок и постојано му ѕвонеле на телефон од владејачката СДСМ.  

Мицкоски појасни дека ОБСЕ не е во можност да обезбеди набљудувачка мисија како онаа планирана за изборите закажани на 12 април, туку ќе пратат седум луѓе, кои ќе ги оценуваат изборите. Додаде дека, од мисијата ги известиле дека имаат имаат конкурс да се пријават луѓе, кои ќе бидат дел од таа мисија до 16 јуни. Најрано што можат да испратат луѓе тука од ОБСЕ, според Мицкоски е 19 јуни.

„Ние нема да поддржиме избори во кои нема да има воспоставено мисија на ОБСЕ и ОДИХР“, рече Мицкоски и појасни дека оваа мисија на ОБСЕ нема да биде набљудувачка, туку оценувачка.

Повтори дека ако мисијата на ОБСЕ стигне денеска, тогаш кампањата може да почне утре.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.