ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Ја знаеме реалноста со името, но никој не може да ме спречи да се нарекувам Македонец и Македонија

Промената на уставното име е реалност и не може да се игнорира , но ке се бориме да го промениме тоа, вели лидерот на опозицијата Христијан Мицковски во интервјуто за Радио Слободна Европа, одговарајки на прашањето дали ако победи на изборите ке биде премиер на Република Северна Македонија.

Би бил лажливец  ако кажам дека тоа нема да биде така, но мене никој не може да ми забрани да кажам на таа маса  дека сум Христијан Мицковски од Македонија, Македонец коз зборува македонски….

Мицковски  признава дека договорот со Грција  беше неоходен поради приемот  во НАТО, но не, како што вели , со ваква содржина.  ВМРО-ДПМНЕ е подготвена  да го ратификува протоколот за пристап во Алијансата, но не и да го гласа  законот за одбрана  додека во него стои Армија на Република Севрна Македонија.

Ваквите ставови на Мицковски , од СДСМ ги оценија како лицемерни

Не му пречи на Мицкоски неговата ВМРО ДПМНЕ да учесвува во ЕПП со уставното име на државата, Република Северна Македонија, а го кочи Законот за одбрана поради тоа. Портпаролот на Груевски од белиот дворец, Мицкоски, работи протв граѓаните и државата. Со тоа што го загрозувањето на Преспанскиот договор Мицкоски ризикува нова блокада и вето од Грција за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, се вели во соопштението на валдеачаката партија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.