Мицкоски: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има

Власта да не се надева дека овие уставни изме и ќе поминат како оние за договорот од Преспа е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој повтори дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Изјавата доаѓа ден по вчерашната јасна порака од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел дека без уставни измени нема напредок на еу интеграцискиот пат.
По договорот од јули, ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека ова повторно ќе се отвори и ќе биде дел од преговарањето, рече Борел.
Мицкоски одговара ВМРО-ДПМНЕ не биле консултирани .
Мицкоски вели подготвен е да седне со европските политичари и партнери и очи во очи да разговараат за изнаоѓање на решение за проблемот што го создала владата.
Борел вчера во Скопје освен за уствните измени испрати порака и за важни на реформите а еврокомесарот Вархеји го потенцираше владеење на правото, непристрасно, ефикасно и независно судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и креирање и одржување на основите на демократијата.