ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Темелна реформа на правосудството, премиерот нема да кажува кој судија како треба да работи, за да судат без политички притисоци

Во интервју за порталот Курир.мк претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговараше на повеќе актуелни прашања, секако дека судството за кое последниве месеци, посебно неделава се изнаслушавме и видовме многу работи кои не се долични за оваа власт во државава.

Го споменавте судството и обвинителството, верувате ли дека може да има нов закон за обвинителство во кус рок?

Мицкоски: Мислам дека на државата најбрзо и треба нова влада која ќе го ослободи судството и обвинителството од стегите и притисоците. Совршено се јасни и причините зошто Заев толку силно се бореше да ги сочува специјалните јавни обвинители чија корумпираност на најголем дел од нив може да се спореди со таа на Буркина Фасо. И за да иронијата биде поголема дури и во притворските денови на Катица дознаваме дека државата префрлала државни пари на нејзината приватна сметка. Очигледно Катица Јанева знае премногу па Заев потрча да ја ослободи и од ефективен притвор, под образложение кое треба сите да не натажи дека била невработена, но нема тага кога земала илјадници евра од државата и била преплатена. Јас бев првиот кој побара и се уште бараме истрага за трошењето на парите од страна на СЈО и испитување на сомнежот за злоупотреби кои се правеле. Кога го барав тоа, останатите општествено одговорни субјекти, пред се обвинителството, молчеа. Денес кога гледаат дека истиот тој систем им се распаѓа и тие бараат истрага. Истрага треба да има, но и одговорност.

СДСМ вели дека сте против ветинг на судии, дали е точно?

Мицкоски: Не, не сум јас против ветингот како процес, но тој ветинг нас не ни го решава проблемот и ќе ви кажам  најпластично зошто. Главниот проблем не е само кај обвинителка како што е Рускоска, или Катица Јанева, изворот на проблемот е во постоење на премиер како Зоран Заев, кој прави брутален притисок врз судии и обвинители и врши упад во правдата. Какви и обвинители и судии да имате, кога од другата страна има премиер како Заев тој ќе си најде канал за реализација на својот политички интерес. И сакам да бидам јасен, онаа престава која ја прават за наводна кавга помеѓу Рускоска и Апелација од другата страна, е само за да се дисперзира одговорноста од Владата и Заев и да се локализира и помисли дека проблемот е помеѓу одредени судии и обвинители кои ја изигруваат и владата. Тоа не е така. И Рускоска и другите во Апелација кои се споменуваат се егзекуторите на Заев во судството. Не може никој друг освен Заев да е виновен зошто денес убиецот на Нешкоски е на слобода, зошто против Ременска и Кирацовски нема постапки за случајот Рекет, зошто Јанева постојано ја изигрува правдата, зошто Рашкоски е недопрлив, и редица други случаи. Па тоа замештелство и договарање на пресуди и одлуки го призна и самата министерка за правда Рената Дескоска која ни кажа дека се правело трговија за да им поминат уставните измени. Чекајте со ваков министер на правда, еден премиер не треба да чека да дојде 12 април да има избори и да си замине, туку треба веднаш оставка.

Како ќе ги решите проблемите во правосдуството?

Мицкоски: Правосдуството мора темелно да се реформира, а премиерот не треба да биде главниот човек кој ќе кажува кој судија како треба да работи. Премиерот треба да го ослободи судството од стегите и да создаде амбиент судиите да судат без политички притисоци според словото на законите и Уставот. И сето ова ќе го имаме во нашата програма, која ќе ја понудиме на граѓаните. Но воедно мора да има и одговорност за сите неправди и кршења на законите. Одговорноста да биде апсолутна и да важи за сите подеднакво. Во изминативе години се изнагледавме случаи во судството кои се политички инструирани, и воедно треба да се отвори случај да видиме кои судии не суделе според законот  и кои обвинители слушале политички нарачки. Оние пак кои останале имуни на тоа да добијат награда. Таков еден систем ќе овозможи правда за секого, правда за секој еден граѓанин во Република Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.