Мицкоски, Ставрески и Шамбевски ќе ги контролираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Работното тело на ВМРО-ДПМНЕ за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците ја одржа првата средба, сооштија од партијата.
Со телото ќе раководи лидерот Христијан Мицкоски, а дел од него ќе бидат и Зоран Ставрески, долгогодишниот министер за финансии во владите на никола груевски, како и екс-амбасадорот Оливер Шамбевски.
– Во програмите ‘гарантираме’ се опфатени точно 14.835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање – соопштија од партијата по синоќешната средба на мицкоски со градоначалниците во седиштето на партијата.