ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски со порака до 7-те пратеници: Да издржевте уште малку ќе го победевме Заев

Ја свиткавте кичмата, не предадовте, засрамете се, им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на седумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени, во обраќањето по повод прославата на партијата на Денот на  револуционерната борба. Мицкоски притоа ги обвини седумтемина дека се ставиле на располагање на власта од лични причини.

„А, малку фалеше. Само малку фалеше да издржите! Да одговоревте на задачата, да не ја свиткате кичмата, Заев беше готов! Вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев на сметка на Македонија. Влеговте во неговиот ол ин план, со кој срамно тргува со илјадници македонски души. А, да издржевте ќе одевме на избори! И ќе го победевме злото! Ќе го победевме Зоран Заев и групата околу него! Па нели сфативте дека беше готов“, им порача Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во обраќањето кое траеше 50 минути испари неколку пораки, како до членството, така и до власта, до членовите на СДСМ, но и дека партијата не е е антизападна, туку дека се бори за европски стандарди, а целта и се ЕУ и нАТО, иако меѓу присутните немаше претставници на дипломатскиот кор во змејава.

Додека се обраќаше Мицкоскис во неколку наврати беше прекинуван со овации и ракоплескање особоено кога велеше дека треба да се победи злото олицетворено во Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

„Кога тогаш ќе се соочиме, и заедно со народот ќе го поразиме Заев, а ќе ве поразиме и вас новите другари и коалициони соработници. Погледнете во историјата, видете и уверете се дека така ќе биде. Ме потценивте! Не потценивте. Затоа ќе ве победиме, и тоа на купче сите заедно“, порача Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски одговори и на барањата на 8-те пратеници кои гласаа за уставни измени за формирање на собраниско тело за помирување за настаните од 27 април, рече дека се тоа е само замајување на јавноста.

„Слушајте ме добро ваму, ајде донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници за 27-ми април, за да има и неселективна правда и слобода за сите, а не селективна правда за само оние кои што вас ви слугуваат“,“, порача Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вечерва ги повика интелектуацлите, професорите, обичните граѓани, но незадоволните членови на СДСМ да се обединат и да го кренат гласот заедно со ВМРО-ДПМНЕ во мисија за Македонија, за пораз на Заев.

По превирањата во партијата кои се интензивираа изминатиот перидо, Мицкоски упати и порака до сопственотот членство кое смета дека се е готово и оти се пропаднало, велејќи им дека „ништо не е готово и оти откажувањето не е опција“.

На спрославата на днеот на ВМРО не присуствуваше почесниот претседател на партијата Никола Груевски, како ни претсдеателот Ѓорге Иванов. Од ешалонот на претходната власт на прославата беше вицепремирот Владимир Пешевски, Поранешниот градоначелник на Скопје, Коце Трајановски, но и Владимир Ѓорчев, Антонио Милошоски, Ганка Самоилова Цветановска, Сашо Кедев, како и актуелните членови на Централниот и Извршниот комитете на партијата и пратеници.

Тамара Грнчаровска

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.