ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски се премисли за Договорот со Бугарија, сега бара нов

Зошто Мицкоски се премисли за Договорот со Бугарија кога го слушнавме во видеото кое бугарскиот премиер Борисов го објави на својот фејсбук-профил, дека го прифаќа.

Политиколозите кои ги консултираше „Слободен печат“ сметаат дека опозицискиот лидер треба да каже што е тоа што опозицијата ќе понуди, а Бугарија ќе прифати во евентуално нов добрососедски договор.

Додека власта и опозицијата се препукуваат на тема: треба или пак не, нов „добрососедски“ договор со Бугарија, политиколозите предупредуваат дека сега не е време за собирање на политички поени.

Според политикологот Митко Гаџовски секој евентуален нов договор би бил полош од сегашниот, бидејќи во изминатиов период сведоци сме на се понеповолни барања од бугарска страна:

– Апсолутно нема причина за нов договор, затоа што секој евентуален „нов договор“ или измена на постоечкиот, би можело да ни нанесе штета, и притоа да не стави во уште понеповолна ситуација, од оваа што се наоѓаме во моментот. Секојдневно гледаме нови барања за отстапки од потпишаното и договореното кои со секој нов ден стануваат се поголеми. Отстапките кои би биле побарани од нас во некој „нов“ наводен договор би значеле полош договор, од овој сегашниот.

Според Гаџовски целта на ваквото барање на опозицијата е собирање на политички поени.

– Бевме сведоци на лична изјава на Мицкоски која ја даде во Загреб на средбата со бугарскиот премиер Борисов. Во неа тој тврдеше дека актуелниот договор за него е прифатлив. До сега не слушнавме од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ што би можел да понуди поповолно во новиот договор, од она што го имаме сега, а што би прифатила Бугарската страна, вели Гаџовски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.