Мицкоски: Прв чекор за рушење на власта е интерпелација на Никола Димитров

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција зборуваше за неколкуте чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира се со цел да ја руши оваа ненародна власта и посочи дека прв чекор е интерпелација на Никола Димитров.
-Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност, рече Мицкоски.
Мицкоски на прес конференција посочи дека Димитров е главниот виновник за дебаклот што и се случува на Македонија на меѓународната сцена.
-Мислам дека во овој момент најповиканото прашање е дебаклот кој што ни се случува на отворена сцена поврзано со надворешната политика. Не знам, ако нешто е поактуелно од ова тогаш во моментов навистина јас не можам да се сетам, истакна Мицкоски.
Мицкоски најави дека по интерпелацијата на Димитров следуваат и други интерпелации поточно дека по интерпелацијата на Димитров следува и интерпелација на Османи