Мицкоски: Под вакви услови нема поддршка за уставни измени, македонскиот јазик е затворено прашање
Во вакви услови ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот. Мицкоски не знае од каде доаѓа оптимизмот на шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен која вчера во Скопје рече дека е сигурна дека во Собранието ќе се најде мнозинство за промена на Уставот
Опозицискиот лидер го поздрави потпишувањето на договорот за Фронтекс. Тоа што е потпишан на македонски јазик, Мицкоски вели дека не треба да биде тема за дискусија.
Мицкоски заедно со партиска делегација денеска присуствуваше на настан за политичкиот дијалог во Европската народна партија чија цел е зближување на десничарските партии од регионот.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: