Мицкоски во дел од објавата на фејсбук ги критикува владините економски политики натаму дека бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 бил за  2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец лани.

Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.

Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП и не за капитални инвестиции и развој туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори.Напиша Мицкоски на фејсбук.