ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Меморандум за идентитенските прашања, експертска влада и парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара формирање експертска влада, а кога ќе се создадат здравствени услови да се организираат парламентарни избори. Според Мицкоски, тоа би можело да се случи заедно со локалните избори на пролет.

-Мора да се формира влада за национален спас која заеднички ќе изгради несоборливи црвени линии кои ќе бидат штитот на македонскиот идентитет, кажа Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија исто така побара усвојување на Меморандум во Собранието во однос на идентитетските прашања.

– Вие ако имате во еден момент такво интервју во кое што буквално ги навредувате сите жртви дадени за независна македонска држава, понатаму велите дека не преговарате за тоа, па потоа добивате патриотски севдах, па жицата повторно ја враќате во игра, а вие сте премиер внимавајте луѓето во вас очекуваат да видат стабилност, сигурност, еден континуиран правец на водење на политика, а вие практично имате такви осцилации на дневна на неделна основа што навистина луѓето се чувствуваат збунети. Затоа еве за да не бидеме ние збунети, штом не преговараме ајде да го ставиме ова на документ и да го усвоиме во рамките на Парламентот. Нека биде тој документ резултат на еден напорен работен ден помеѓу претставници на сите политички парламентарни партии и ги повикувам вонпарламентарните партии да се приклучат да го потпишат и да ја затвориме таа тема“, вели Мицкоски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.