Мицкоски: Зад здравствената постои сериозна економска криза

Владата предводена од СДСМ потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што го собрале во буџетот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повикувајќи се на податоци од министерството за финансии, објавени во текот на вчерашниот ден.
На денешната прес конференција, Мицкоски обвини дека во првите три месеци од годинава бил направен „грабеж на економијата, со цел да се покријат изборите коишто требало да се организираат“.
Со тоа, нагласи Мицкоски, власта го задолжила секое македонско семејство со по 15.000 денари во просек.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: