Мицкоски бара бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за негувателките и за наставничките
Опозициската партија бара еднаш месечно бесплатно да се тестираат и здравствените работници.Власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на ковид, а сѐ почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на ковид-19, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата – вели Мицкоски.
Опозициската партија бара еднаш месечно бесплатно да се тестираат и здравствените работници.