Мицкоски: Ако ВМРО-ДПМНЕ политички се радикализира најрадосен ќе биде Зоран Заев (ВИДЕО)
Излегување на улица и организирање масовни протести, напуштање на парламент и слични потези што би ја радикализирале политичката состојба во земјата во моментов не се во планот за делување на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, таквите идеи и барања доаѓаат од народот кој е премногу разочаран од состојбата во земјата, но од партијата нема да ги применат затоа што такво нешто ќе има спротивен ефект и само ќе му даде алиби на Зоран Заев за неговите неиздржани обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски изрази став дека доколку неговата партија почне да влече радикализирани потези, најмногу ќе се израдува Зоран Заев, кој продолжи да го претставува ВМРО-ДПМНЕ како деструктивна, како што го правеше тоа во минатото, иако таквите тврдења во пракса се покажаа како невистинити.