ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Митко Чавков сведочеше во случајот „Тортура“

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, денеска, повторно се појави во кривичниот суд каде сведочеше во предметот наречен „Тортура“, односно за начинот на кој во јуни 2011 година, беше апсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Запрашан од судот дали знае зошто е повикан Чавков, кој за случувањата од 27. април беше осуден на кзна затвор во траење од 18 години, рече дека се додека не влегол во судницата не му било познато зошто бил повикан.

„Стои одредбата од член 313 и дури кога влегов во судница ми стана јасно зошто сум повикан. За конкретниот настан имам дадено исказ. Не знам дали тоа беше во истрага или предистрага. Од тогаш помина многу време и се случија многу настани. Мислам дека се работеше за индиции за коруптивни кривични дека поврзани со финансирање на политички партии.“ – изјави Чавков.

Чавков посведочи дека во тоа време тој бил началник на Одделот за организиран криминал. Тој негираше дека ја издал наредбата за апсење на Бошкоски со објаснување дека се и да имало таква наредба таа морало да биде поткрепена со налог од јавен обвинител. Тој не можеше да се сети дали му издал наредба на Ивица Анчевски – Пуки да го апси Бошкоски, со образложение дека имал здравствени проблеми.

Инаку, денеска, во публиката можеа да се видат сопругата и ќерката на Митко Чавков.

Сведокот Киро Николовски рече дека слабо се сеќава на настанот од шести јуни 2011. година. Тој рече дека ниту Бошкоски, ниту неговиот бранител Љубомир Михајловски немале прибедби на изготвениот полициски записник.

Поранешниот шеф на Кривичното истражно одделение и заменик-правобранител, Трипун Танушевски, кажа дека тој бил одреден да постапува во случајот на Љубе Бошкоски, но дека Народниот правобранител не постапил по предметот поради веќе донесена одлука на истражниот судија од Кривичниот суд дека не се преземени никакви незаконски активности при апсењето.

Судењето за предметот наречен „Тортура“, кој се однесува на обвинетите Сашо Мијалков, Ивица Анчевски-Пуки, Јован Боцевски, Новица Станковски, Метуш Шабани и Филип Атанасов, продолжува на 22. овој месец.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.